НОВО УБИСТВО НА ПРОТЕСТИТЕ ВО САД: Афроамериканец прегазен во Бејкерсфилд (ВИДЕО)

0
127

Американецот Роберт Форбс почина како резултат на несреќа што се случи за време на демонстрациите поради убиството на Џорџ Флојд.

Според неговиот адвокат Амар Шеркил, Форбс мирно протестирал во Бејкерсфилд кога бил прегазен од автомобил. Тој тврди дека возачот додал гас по судирот, но полицијата го демантирала тоа.

Според нив, возачот возел со умерена брзина, а подоцна тестовите не покажале дека тој е под дејство на алкохол или дрога.

Очевидците тврдат поинаку – автомобилот ги немал вклучено своите светла, а возачот забрзал пред да удри Форбс.

Внукот на убиениот тврди дека полицијата ги земала само изјавите на возачот кој бил идентификуван како Кит Мур, но не и на очевидците.

Мур преку Фејсбук тврди дека не го видел Флојд и дека немал намера да го удри.

Извор Локално