Од утре се отвораат аеродромите. Ќе се работи по новите, строги правила

0
82

Утре се отвораат скопскиот и охридскиот аеродром. Со летот на „ВизЕр“ за Бремен, Германија во 6 часот наутро, меѓународниот аеродром во Скопје и официјално ќе започне со работа по пауза од речиси триипол месеци. Утрото ќе се лета и за Ларнака, Стокхолм и Келн со истата компанија.

Патувањата ќе се одвиваат по нови правила. Патниците ќе треба да бидат 3 часа пред нивниот лет на аеродром, а маските се задолжителни вели генералниот директор на ТАВ Македонија, Алпер Ерсој. Секој патник ќе подлежи на мерење на телесна температура преку термална камера, а во чекалницата на аеродромот нема да е дозволено седење еден до друг за да се избегне ширењето на вирусот.

Секој од патниците кој што ќе биде сомнителен , министерот Венко Филипче рече дека ќе биде преземен од страна на екипите на Центарот за јавно здравје, а напомена дека во функција ќе биде и собата за изолација. Во аеродромските згради ќе можат да влегуваат само патниците. Семејствата и пријателите ќе мора да останат пред објектот.

Во период на отворање на двата аеродроми во земјава, владините претставници кои беа на скопскиот аеродром не дадоа конкретен одговор како ќе се овозможи лет на македонските граѓани во период кога се чека одлука од официјален Брисел за кого се ќе бидат отворени границите на Унијата од први јули.