Освен во Скопје, короната се шири и во Тетово

0
138

Со седум нови случаи денеска во Тетово и околните општини, бројот на заразени достигна 215 лица. Со ова, Тетово од трет степен на ширење на инфекција, премина во четврта фаза на опасност.

„Бидејќи сите сега сме без ограничувања во движењето, многу е важно да ги ограничиме сопствените движења за да не се разболиме самите себе и нашите семејства. Значи, има одредени протоколи што се важни за сите нас“, рече Теута Арифи, градоначалник на Тетово.

По Тетово, општина Боговиње води по бројот на заразени со вкупно 50 случаи, додека со зголемен тренд на број на заразени, како нов извор, е и општина Теарце, каде е бројот во четири села на оваа општина достигна 23 лица.

„Последната недела се претвораме во ново жариште за ширење на корона вирусот. Затоа, повикувам од овде за максимална грижа на секој од нас да ги почитува препораките на релевантните институции, да се заштитиме себе си, семејството и општеството“, рече Салајдин Зеќири- општина Теарце.

Од почетокот на пандемијата, па се до сега, во општина Тетово и околните општини, од корона вирусот, починаа вкупно 19 лица, додека 25 се кластери.

Извор АлсатМ