Осуммина загинати , десетици повредени во експлозија во фабрика во Индија (ВИДЕО)

0
92

Најмалку осум работници загинаа, а 74 други се повредени откако експлозија предизвика голем пожар во хемиска фабрика во западна Индија, соопштија тамошните власти.

Околу 5.000 луѓе од околните села во областа Бахухур, во државата Гуџарат, биле евакуирани поради претпазливост, изјави висок официјален претставник на регионот.

„Осум работници загинаа по експлозија во агро-хемиска фабрика во хемиски резервоар“, изјави локалниот службеник, Модија.

Спасувачките служби ги транспортирале повредените работници во болница, каде се утврдило дека состојбата на дел од нив е многу сериозна.

„Ги евакуиравме селаните затоа што експлозијата се случила многу близу до местото каде биле складирани опасни хемикалии. Пожарите предизвикани од хемикалиите се особено опасни затоа што отровните гасови можат да се прошират низ целиот регион“, рече Модија.

Пожарот ја зафатил фабриката, а потребни биле десетици пожарникари пет часа за да го доведат пламенот под контрола.

Во мај 11 лица ги загубија животите додека 800 биле хоспитализирани во јужна Индија по протекувањето на бензин во хемиска фабрика што не била во функција за време на карантинот.