Платежни картички – Граѓани се жалат дека неправдено биле изоставени

0
82

Над 50 илјади поплаки од граѓани досега пристигнале во владата за платежните картички. А над 30 илјади лица имале приговори или жалби за најавените ваучери за летување во земјава. Вицепремиерката за економија Мила Царовска потврди дека поплаките се разгледуваат во министерството за финансии и генералниот секретаријат на владата.

„Важно е дека приговорите пристигнуваат, се создадоа можности сите граѓани кои сметаат дека се онеправдани да поднесат приговор до институциите. Министерството за финансии и Генералниот секретаријат ги обработуваат и веројатно штом ќе имаат сумарни податоци ќе излезат и ќе ја известат јавноста“, вели Царовска.

На што се однесуваат поплаките и жалбите на граѓаните, Царовска не упати одговор да бараме од финансии и секретаријатот на Илинденска. Од министерството за финансии писмено ни одговорија дека податоците се обработуваат од повеќе институции. Очекуваат поплаките да ги поделат во категории до недела, а потоа листите кои ќе бидат коригирани да ги испратат до банките за дополнителни картички.

„Се работи на обработување на барањата и проверка на податоците со цел корекција на листите“, рекоа од министерството за финансии.

По првичните хаос што се предизвика пред банките, деновиве редиците се намалија. Од банкарската асоцијација велат дека секоја банка има свој протокол и преку СМС порака ќе ги информира граѓаните на кој начин ќе ги добијат картичките, дали на домашна адреса или ќе мора да дојдат во банка но во одреден термин.

Извор АлсатМ