Повторно расте бројот на новозаболени со коронавирусот во Кина: Регистрирани се 49 нови случаи

0
84

Во Кина се потврдени 49 нови случаи на коронавирусот, од кои 36 се во Пекинг, каде е нов кластер поврзан со пазарот каде се продава храна, па се стравува дека започнува нов бран на епидемијата, пренсува „Гсардијан“.

Освен во Пекинг, регистрирани се и три случаеви во Хебеј, околина ма Пекинг.

Пекинг започна масовно тестирање на работниците на пазарот за храна како и на оние кои живеат во близина и сите кои редовно го посетуваат пазарот во последните недела дена.

Благодарејќи на деталните контроли, носењето заштитни маски и мерките за карантин, коронавирусот речиси беше исчезнат од кинеска територија, откако кон крајот на 2019 година се појави во градот Вухан, па затоа откривањето на новото жариште во кинескиот главен град ги изненади жителите.

Ова откритие доведе до изолација на 11 населени зони. Сепак станува збор за многу мал дел од Пекинг, кој и понатаму живее нормално и без психоза.