Познатиот актер Горан Богдан е позитивен на Ковид-19

0
89

Хрватски актер Горан Богдан кој и е добро познат на јавноста на Балканот е заразен со коронавирус. Тој е во самоизолација веќе една недела.

39 годишниот актер се тестирал и добил позитивен резулат, но тој пред да дознае дека има корона веќе се самоизолирал превентивно.

-Немам никакви симптоми, фала му на Бога, нека остане така. Навистина не сум бил со никого во контакт, изјавил Богдан за хрватските медиуми.

Инаку тој веќе година и пол е во врска со актерката Јована Стојиљковиќ.