Полицискиот синдикат со писмо до Наќе Чулев

0
129

Почитуван Министер Чулев,

Дозволете ми да Ви се обратам од името на Европскиот совет на полициски синдикати, (ЦЕСП), европската асоцијација на полициски синдикати. Како што веќе знаете, Европскиот Совет на полициски синдикати е независна и автономна организација на Советот на Европа, со право на глас во Комитетот за човекови права. Главните цели на нашиот Совет се подобрување на правата и квалитетот на живот на полициските службеници, развој и хармонизација на полициските процедури во рамките на комплексната европска рамка, поддршка и изнаоѓање на решенија, во национален, но и европски контекст, како и учество во креирањето на безбедна и сигурна Европа преку имплементирање на одредбите и гaрантирање на правата содржани во Европската полициска повелба.

Македонскиот полициски синдикат (МПС), е еден од најреспектираните и најстарите членови меѓу европските членки, член на ЦЕСП уште од 1998 година.

Изминатиот период добивме загрижувачки информации од нашите колеги од МПС во однос на моменталните случувања во синдикалното движење во Република Северна Македонија, во врска со одредени, за нас, непожелни антисиндикални активности.

Имено, будно следејќи ја состојбата со пандемијата на COVID-19, во сите земји членки на ЦЕСП, вклучително и Вашата земја, за што нашите членки имаат редовни брифинг видео конференции за размена на искуства и изнаоѓање на заеднички европски решенија, дозволете ми да потенцирам дека МПС во изминатиот период имаше интензивни активности на територијата на Вашата држава, активно вклучувајќи се во дистрибуција на заштитна опрема за своите членови, полициските службеници во МВР, но и за сите оние полициски службеници кои не се синдикално организирани, што заслужува почит, особено во ваков драматичен период каде безбедноста и здравјето на сите полициски службеници е на прво место.

Оваа активност на МПС секако треба да биде признаена како позитивен пример во справувањето со пандемијата, штитејќи ги полициските сили кои се први на удар од зараза од COVID-19, заедно со здравствените работници.

Исклучително важно за сите нас, токму во овие моменти, е овие работници да бидат наградени за својата пожртвуваност, посветеност и несебичност во справувањето со пандемијата, изложувајќи се себе, но и изложувајќи ги и нивните семејства од зараза на COVID-19.

Токму барањата на ЦЕСП испратени до сите релевантни евроспки институции, меѓу кои Европската Комисија, Европскиот Парламент, Советот на Европа, како и до европските парламентарци е во насока на обезбедување на поголема заштита за сите полициски службеници. Во однос на тоа барање, дозволете ми да Ве известам дека добивме безрезервна поддршка за спроведување на сите активности на ЦЕСП, вклучително и на нашите членки, од Претседателката на Европската Комисија, г-ѓа Урсула вон дер Лајен.

Во однос на останатите информации за новоформираниот полициски синдикат, со кој сте потпишале и Согодба за соработка на 2.6.2020, како и за притисоците на одредени членови за истапување од МПС и зачленување во истиот, дозволете ми да ја изразам нашата загриженост за ваквите активности, имајќи предвид дека слабеењето на единствениот репрезентативен синдикат во државата, на таков начин е погрешен чекор, кршејќи го правото на слобода на здружување и организирање.

Какоштознаете, слободатаназдружување е право, загарантирано со сите меѓународни документи за заштитаначовековитеправа, како и однационалнитеустави.Наевропскониво, правото и слободатана здружувањевосиндикатите е предвиденовочлен 11 одПовелбата за фундаментални социјални права на работнците, „Слободаназдружување и колективнодоговарање“од 1989 година кое гласи:

„Работодавачите и работниците имаат право на здружување соцелдаформираат професионални организации или синдикатипо нивен избор за одбрана на нивните економски и социјални интереси. Секо јработодавач и секој работник има правода се придружи контаквитеорганизации, без притоа да претрпиника квалична или професионална штетапоради истото“.

Горе споменатите активности се секако лош сигнал кој се испраќа во европското семејство, имајќи ја предвид позицијата на Вашата земја, како кандидат земја членка за влез во Европската Унија.

Информациите проследени до нас, се проследени и до останатите членки на ЦЕСП, кои остро ги осудуваат нападите врз синдикалното движење, особено во ваков период, каде акцентот треба да биде ставен на заштита и унапредување на правата на полициските службеници, преку заеднички социјален дијалог со репрезентативните социјални партнери, особено во предизборниот период во Вашата земја.

Искрено се надеваме дека ќе изнајдете начин, заедно со МПС, како единствени социјални партнери да ги надминете овие недоразбирања, за што секако ние како медијатори помеѓу европските институции ќе го следиме целокупниот процес, и искрено се надеваме на изнаоѓање на брзо и демократско решение.

Се надеваме на заеднички состанок со Вас, во септември, за кога е предвидена посета на Вашата земја, доколку ситуацијата со пандемијата тоа го дозволи.

Извор 24инфо