Полициски час од 22 до 05 часот во ризичните општини, е предлогот на Комисијата за заразни болести

0
135

Комисијата за заразни болести предлага да има полициски час од 22 до 05 часот, но само во критичните општини, односно во општините од Скопје, Куманово, Тетово, Липково и Штип.

Во последните денови бројот на заболени од коронавирус во овие општини драстично се зголеми, а во горенаведените општини имаше целосен полициски час за време на продолжениот викенд.

Комисијата за заразни болести овој предлог треба да го достави до владата, која на сендица денеска ќе одлучи дали и колкав ќе биде полицискиот час од денеска па во следните денови до крајот на неделава.