Поранешен американски маринец осуден на 16 години затвор во Русија за шпионажа

0
86

Руски суд го осуди поранешниот американски маринец Пол Велан на 16 години затвор поради обвиненија за шпионажа, пренесува ТАСС.

Велан, кој исто така има британско, канадско и ирско државјанство, е шеф за глобална безбедност во „Боргворнер“, компанија за автомобилски компоненти со седиште во Мичиген.

Американската амбасада го осуди судењето на Велан како неправедно, посочувајќи дека не биле обезбедени докази. Руската федерална служба за безбедност претходно соопшти дека Велан бил приведен на 28 декември 2018 година во Москва додека бил наводна шпионска мисија.

Велан беше уапсен на свадба во еден луксузен хотел во Москва и беше обвинет дека добил државни тајни на Флеш-драјв. Тој тврди дека бил наместен од познаник со кого се запознал преку интернет а случајот против него го смета за политички мотивиран.