Починаа две деца, оставени пет часа во возило на топло време

0
73

Трагична судбина го зави во црно семејството Денис од Америка. Т.Д.(4) и Р.Д.(3), сестра и брат настрадале во камион, откако таткото ги оставил внатре на температура од 32 степени.

Според полициската станица Тулса, Денис изјавил дека ги одвел своите две деца, на возраст од 3 и 4 години, во продавницата во саботата околу пладне. Откако се вратил дома, Денис спиел четири до пет часа. Откако се разбудил, сфатил дека не може да ги најде децата во куќата. Тој увидол што се случило дури откако го проверил камионот. Денис на полицијата и рекол дека мислел дека ги извел децата од камионот.