Прв пат после подолго време во Велика Британија има помалку од 100 починати од Ковид-19

0
136

Велика Британија денес имала помалку од 100 нови смртни случаи од коронавирус во еден ден, за прв пат од затворањето на земјата.

Министерството за здравство и социјална заштита објави дека починале 77 луѓе, со што бројот на починати од Ковид-19 во Велика Британија се искачи на 40.542,

Денеската бројка е најниска од 23 март, кога се забележани 74 смртни случаи пред пандемијата да излезе надвор од контрола во Велика Британија.