„Премиер албанец“, ДУИ ги напаѓа СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ како противници

0
131

ДУИ започна кампања против СДСМ и ВМРО ДПМНЕ за негирањето на можноста премиер албанец, барање кое беше објавено во пресрет на изборите на 15 јули од партијата на Ахмети. ДУИ потенцира дека ќе го реализира овој сон по секоја цена, нагласувајќи го и обединувањето на Албанците за својата т.н. кауза.

Со силно и унифицирано гласање на Албанците, македонските партии ќе треба да го прифатат нашето барање за премиер Албанец, бидејќи ниту еден од нив нема да има мнозинство во парламентот без поддршка од Албанците – велат од ДУИ.

ДУИ цели на премиерското место со условување ЗА формирање на мнозинството, иако од партијата на Заев истакнаа дека со тој услов ДУИ нема да биде дел од следната владејачка коалиција. ВМРО ДПМНЕ исто така истакна дека овој услов, ги одалечува партиите за можна коалиција, наместо да ги доближува. За прв пат ДУИ подаде рака и на другите албански партии, и покрај тоа што до вчера ги игнорираше, вклучително и кандидатот претседател албанец. Ахмети во тоа се жртвуваше, нагласувајќи дека со 30 пратеници, Албанците не можеле да имаат свадба без невеста.

Ќе бидам со тие големи Албанци, дека истакнале еден кандидат Албанец. Го испробавме, еднаш, двапати, излеговме. Видовме дека оваа работа нема бериќет. Затоа што овие работи се прават со договор, затоа што ние самите, само како Албанци, со 30 пратеници, не можеме да го направиме тоа. Мора да бидеме рационални, разумни. И да правиме свадба, невеста не земаме – изјави Али Ахмети, претседател на ДУИ.

За време на последните изборни циклуси, Ахмети беше критичен кон останатите албански партии кои дури ги нарече и ништожници.