Претепани 22 полицајци во Лондон од учесници на улична забава (ВИДЕО)

0
79

Дваесет и двајца полицајци се повредени во немирите при нелегален музички собир на улиците на лондонската област Брикстон, објави денес полицијата.

Лондонската полиција била испратена на настанот, а толпата одбила да соработува со полицајците.

„Инцидентот продолжи, дојдоа повеќе полицајци и групата стана непријателска кон нив“, соопшти полицијата.

Фотографиите на социјалните медиуми прикажуваат толпа луѓе кои се соочуваат со полицајците и напаѓаат полициски автомобил.

Дваесет и двајца полицајци се полесно повредени, од кои двајца побарале преглед, а оштетен е мал број полициски автомобили.

„Синоќа, голем број жители се пожалија за големиот собир, бучавата и насилството, а полицајците ибнтервенираа “, изјави началникот на полицијата, Колин Вингроув.

“Овие собири се нелегални и претставуваат ризик за јавното здравство и ги кршат ограничувањата наметнати поради коронавирусот. Насилството врз полициските службеници е апсолутно неприфатливо и ние нема да го толерираме во каква било форма”.