Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски на фејсбук се огласи во врска со инцидентот на Боемска улица

0
73

Доцна синоќа, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ на фејсбук се огласи во врска со инцидентот на Боемска улица.

Да, точно е дека бев со двајца мои познаници во ресторан во Дебар маало, прв пат по укинувањето на забраната за посета на угостителските објекти, поради што и не бев информиран доволно за новите протоколи. Ако тоа е мојот најголем грев и моја грешка и пропуст, јас тоа го признавам и подготвен сум да платам парична казна поради тоа. Не мислам дека луѓето не знаат да направат грешка, битно е грешката да не е таква да направи лошо некому, да наштети некому, да биде непоправлива, напиша Мицкоски

Синоќа раководителката на Инспекциски надзор одделение Скопје, Мери Проја Продановска, одржа прес-конференција на боемска улица во скопје на која изјави дека , биле спречени да направат контрола во внатрешниот дел во угостителски објект, на оваа улица, со образложение дека угостителскиот објект е од затворен тип и нема гости внатре. Сепак на излегување, кога се вратиле по 2,5 часа виделе дека оттаму излегува лидер на политичка партија. Иако Продановска не спомена име, сепак претходно медиумите објавија дека станува збор за Христијан Мицкоски.