Приведени пет лица во Скопје- по претрес полицијата веднаш ги уапсила

0
108

Пет лица биле уапсени во текот на изминатите 24 часа, откако по претрес, полицијата пронашла дрога.

„На 28.06.2020 во 02.20 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Руѓер Бошковиќ“ ги лишиле од слобода Д.С.(36) и В.Г.(37), двајцата од Скопје, затоа што при извршен преглед кај нив била пронајдена прашкаста материја. По документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 28.06.2020 во 00.30 часот, полициски службеници од СВР Скопје во с.Љубанци го лишиле од слобода С.К.(24) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него биле пронајдени марихуана и ризли. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок

На 28.06.2020 во 03.00 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Гвадалахара“ го лишиле од слобода Л.Џ.(40) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 27.06.2020 во 23.45 часот, од полициски службеници од СВР Скопје на бул.„Илинден“ бил приведен 17-годишник од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.“ соопштуваат од МВР.