Приговорите за домашната платежна картичка се категоризираат и проверуваат

0
86

Од Владата уверуваат дека ќе ги решат проблемите кои настанаа со распределбата на платежните картички, од кои дел завршија на погрешно место, а дел не стигнаат каде што треба..

Пензионерите и голем дел на граѓани се најдоа на спискотот за платежни картички, а според категоријата не треба да бидат на истиот, додека пак оние на кои навистина им следуваат и треба парите да завршат во нивни раце не успеаја да се пронајдат на страната на купувам домашно која веќе е активна.

Во изминативе два дена околу дваесет илјади граѓани испратиле меил до министерството за финансии, а голем дел од нив пратиле приговор, некои се пожалија дека воопшто не ни можат да пратат електронска пошта до надлежните, а платежните картички веќе се делат. Ангеловска смирува велеќи дека тоа е обемен проект кој има простор за подобрување и дека грешките ќе бидат исправени.

„Има граѓани кои имаат поднесено конкретни барања дека ги нема во листата, но сеуште не е завршена категоризацијата. Секогаш треба да бидеме искрени и отворени и да кажеме дека имаме значаен простор за подобрување на датабазите со кои што располагаат институциите.“

Министерката додаде дека граѓаните ќе бидат правовремено информирани, доколку нивните приговори бидат прифатени.

Во меѓувреме завршени се сите постапки и официјално е пуштена во функција платформата „Дома си е дома“, а со тоа почнува мерката за издавање на ваучери за домашен туризам, изјави министерот за економија Крешник Бектеши.

„Ќе им овозможиме на вкупно 117,122 граѓани со ниски примања да одат на летување. Оваа мерка ќе помогне во развој на туризмот во земјава. Предвидени се над 10 милиони евра за туризмот во државава. Од денеска е официјално пуштена во употреба платформата и со тоа почнува издавањето на ваучерите за домашен туризам.“

Бектеши појасни дека граѓаните кои се на листата ќе ги добијат ваучерите за туризам преку електронска пошта и за нив е потребно посебно аплицирање. Министерот додаде дека секој ваучер содржи посебен код и пин код.

Министерката Ангеловска соопшти дека е донесена уредба со која ќе им се овозможи на граѓаните кои ги донирале средствата од МојДДВ да ја променат својата одлука до 30ти јуни. Исто така оваа уредба е дополнета со одредба што треба да го поттикне купувањето на домашни производи и услуги со враќањето на ддв се зголемува за 15 проценти, додека пак за останатиот останува ист. Но сепак максималниот повраток останува не променет.

Извор Канал5