Провалено во општина Арачиново- разбојниците „ја посетиле“ во полициски час

0
108

Полицијата соопшти дека во време на полициски час на сила со обивање било влезено во општина Арачиново. Општинските службеници ќе утврдуваат што е украдено.

Полицискиот час траеше 80 часови, од четврток навечер до понеделник сабајле и во тој период оперирале разбојниците во општинската зграда на половина километар од пунктовите и полициската станица во селото. И за Арачиново важеше целосен полициски час.

Во билтенот на МВР стои:

На 08.06.2020 во 08.00 часот, секретарот во општина Арачиново пријавил дека во периодот од 16.00 часот на 04.06.2020 до 08.00 часот на 08.06.2020 непознат сторител извршил тешка кражба во општина Арачиново.

Според пријавеноот, сторителот со употреба на сила влегол во општината. Со дополнителен попис од одговорните лица во општината ќе биде утврдено дали нешто е одземено, по што ќе биде утврдена и причинетата материјална штета. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.