Протестите во САД не стивнуваат, Трамп бил евакуиран и однесен во бункер

0
133

Пожарот од антирасни протести, кои шести ден се шири низ САД, стигна и пред Белата куќа.

Оган, камења и слогани нема правда – нема мир, ги вратија духовите од 11-септемвриските напади пред 19 години, кога последен пат било вклучено највисоко ниво на тревога. Додека полицијата со солзавец се обидуваше да ја смири толпата, Белата куќа осамна во мрак, момент кога според американскиките медиумите Доналд Трамп бил пренесен во подземен бункар под Белата куќа, каде што минал околу еден час.

-Ова не е само поради Џорџ Флојд, ова е за секој црн човек во земјата, кои се систематски понижувани. Ова е резултат на она за што зборувавме во последните седум години., изјави жител на Вашингтон

-Тажен сум и скршен сум. Јас веќе го преживеав ова претходно. Служев во полицијата 38 години, но се надевав дека никогаш нема да се повтори, изјави поранешен полицаец

Полицискиот час, воведен во 40 градови не го намали интензитетот на протестите. Напротив, демонстрации се одржаа во дури 150 градови. Најмасовно беше во Њујорк, Чикаго, Филаделфија и Лос Анѓелес. Уапсени се неколку стотици луѓе, голем дел во масовните грабежи на продавници.

Во жариштето на протестите, Минаеполис во маса од околу илјада луѓе влета цистерна, чиј возач веројатно не знаел дека патот е блокиран. Тој е уапсен од полицијата, чии припадници почнаа масовно да им оддаваат солидарност на демонстрантите преку симболично клекнување на улиците.

-Секој заслужува исто достоинство. Кога марширавме немаше никаква штета, никој не беше уапсен, вели Крис Свенсон, шериф

Според обемот на протестите во САД се проценува дека ова се најмасовни собири против расната дискриминација по атентатот на Мартин Лутер Кинг во 1968-та година. Демонстрации со поддршка се одржаа во неколку светски метрополи, вклучително и во Лондон.

Извор Канал5