Протест на вработените во јавниот превоз во Тирана

0
144

Вработените во јавниот сообраќај денеска протестираа пред Министерството за транспорт во Тирана, со цел да бидат исполнети нивните барања. Овој сектор се наоѓа во тешка ситуација поради тримесечното неработење како последица од пандемијата на Ковид-19.

Тие сметаат дека и по 15 јуни, за кога е најавено да почнат со работа, ќе има проблеми бидејќи „се бара почитување на хигиенско-санитарните мерки вклучително и услугата за мал број граѓани”.

– Ние сме пред банкрот. Бараме од Владата да ја укине акцизата за горива и да се намали ДДВ-то на два процента. Сметаме дека е неизводливо да се спроведат безбедносните протоколи, а растојанието е невозможно да се одржи бидејќи тоа значи да се работи со половина капацитет. Бараме од Владата еднаш засекогаш да го забрани нелегалниот превоз, велат тие.

Премиерот Еди Рама, во објавата на Фејсбук дека од 15 јуни ќе се укине забраната за јавниот превоз, рече дека Владата ќе го поддржи овој сектор за да може да закрепне.

„В понеделник, 15 јуни почнува градскиот и меѓуградскиот превоз, согласно усвоениот протокол за заштита на здравјето. Владата ќе го поддржи овој сектор со ослобдување од плаќање данок и други давачки. Од 1 јануари 2021 година ќе се воведат електронски билети, напиша меѓу другото Рама.

Тој нагласи дека категорично се забранува зголемување на цената на билетите за граѓаните.