Пукал со пиштол во воздух- Скопјанец уапсен во Виница

0
139

Скопјанец бил уапсен рано утринава откако испукал неколку куршуми во воздух во село Блатец.

Според пријавеното на 07.06.2020 во 04,20 часот, полициски службеници од Полициска станица Виница за време на забраната за движење го лишиле од слобода В.Ф.(23) од село Кадино,скопско, поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело„предизвикување општа опасност“.

Според пријавеното, В.Ф. испукал пет куршуми од пиштол во воздух во село Блатец, Виница.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.