Реакции од МПЦ по одлуката да се затворат гробиштата за задушница

0
137

По 8 дена неогранично движење, од вечерва во 21 часот се враќа полицискиот час.

За две третини од населенито тој ќе трае 80 часа, однсно до понедлник во 5 часот наутро.. Станува збор за цело Скопје, Куманово со Липково, Штип со Карбинци и Тетово со сите околни општини..

Во сите останати градови, забраната ќе трае до утре изутрина во 5 часот, а во петок, сабота, недела ќе започнува од 16:00 часот и трае до следниот ден до 05:00 часот наутро.

Во цела Македонија, пак, за сите денови од предолжениот викенд, забренета ќе биде посета на гробиштата, освен за погреби. Токму ова, предвика најголеми реакции кај православните верници и Цркава, со оглед на празникот Задушница.. владиката Петар, за Канал 5, вели дека ваквата одлука е атак за црквата.

Повардарската епархија, на чело со владиката Агатангел, пак, ги повика православните верници од местата кои се под таа епархија во петок и сабота наместо на гробишта, масовно да одат во црква.

Инаку, исклучок од забраната наза движење на замјоделците во атарот на нивните села, полицајците, војниците, лекарите, медицинските сестри, но и за вработените во маркетите и рестораните кои вршат достава на производи.

За време на полицискиот час болниците и аптекитенасекаде ќе работат непречено. Остануваат и претходните термини за прошетка на милениците и тоа, 08:00 до 08:30, 15:00 до 15:30 и од 20:00 до 20:30 часот.

Извор Канал5