Рочиште за обвинетите за „27 април“, сведочеше Aлександар Василевски-Нинџа

0
90

За Рускоска сведочењето на Александар Василевски Нинџа конзистентно, за одбраната Нинџа е некредибилен, а судот не треба да го зема за сериозно.

Главниот адут на обвинителството Александар Василевски Нинџа по втор пат сведочеше за крвавите настани од 27 април.. Генерлано, го повтори истото што го говореше и кога беше обвинет – дека сега обвинетите како органзиатори Владимир Атанасовски, Трајко Вељаноски, Спиро Ристовски и Миле Јанакиески од 8 кат на седиштетто на ВМРО-ДПМНЕ девале наредби до водачите на протестите заЗаедничка Македонија и ги коориднарале пратениците во Собранието..

Кога влегов во салата за состаноци таму беа Чавков, Божиновски, Ристовски, Јанакиески и Бришкоска. Сите зборуваа на телефон и издаваа наредби. Чавков зборуваше со началници, Јанакиески му сугерираше на пратеникот Крсто Мукоски да одолговлекува во Парламент. Спиро Ристовски ги координираше водачите на протестите, а Билјана Бришковска беше на директна линија со Вељаноски. Тоа бше оперативен штаб каде што се издаваа наредби.

Одбраната во сведочењето на Нинџа виде нови детали кои воопшто не ги споменал при првото сведочење и изјавите што ги давал за време на истрагите, па сметаат дека сдуот не треба да го зема за сериозно..

На обвнивањата на одбраната, Нинџа во судница одговори дека времето што го имал зад решетки му помогнало како што рече поубаво да се сети за настаните.. Според обвинителката Русковска, пак, сведочењето на Нинџа е конзистентно и е во прилог на обвинението.

Судењето на обвинетите за 27 април ќе продолжи на 19 јуни, со последниот сведок на обвинителството..

Извор Канал5