СДСМ: Мицкоски лаже и барал помош од Чулев да му ги избрише трагите

0
79

Скандалозното и неодговорно однесување на Христијан Мицкоски ја отсликува матрицата на ВМРО ДПМНЕ, каде што ништо не сменето и единствената идеологија е да се работи за личен интерес и да се наштети на граѓаните, се вели во денешното соопштение на СДСМ.

-Христијан Мицкоски, не само што се криеше од инспекторите во кафеана на сред Скопје, туку и побарал структури на техничкиот министер на МВР , Наќе Чулев да му помогнат да си го сокрие делото.

По барање на Мицкоски и наредба на Чулев, униформирани полицијаци дошле до ресторанот во обид да го спасат Мицкоски од одговорност.

Заедно со сопственикот лажеле дека снимачот од безбедноснте камери на кои е регистрирано присуството на Мицкоски е украден, но при претресот снимачот бил пронајден.

Христијан Мицкоски лаже кога вели дека не ги знаел протоколите и затоа ја прекршил забраната. Тој точно знаел дека не ги почитува мерките и забраните и затоа на помош го повикал Чулев да му ги избрише трагите и доказите.

Мицкоски наместо да глуми наивност, треба да и одговори на јавноста дали на иста маса со него седел и Ален Зекиров, познат како поранешен член на обезбедувањето на Сашо Мијалков и лице на кое му се судеше за тоа што прегази човек.

Дали на истата маса со Мицкоски седел и поранешен директор на Управата за јавна безбедност и контраразузнавање?

Што толку важно разговарале и од што се криеле среде Скопје?

Ова се причините поради коишто Мицкоски седел затворен во кафеана, а не неговата неинформираност за протоколите според коишто работат угостителските објекти.

Наместо сите заедно да работиме за подобра иднина, нашата земја има лидер на опоција, кому кафеаните и теретаните му се поважни од здравето на граѓаните, кој бара институциите да работат за негов личен и партиски интерес.

За ваквото однесување на Мицкоски, одговорност мора да има, а граѓаните ќе ги ценат и судат неговите срамни постапки во време кога сите капацитети се насочени во борба против коронавирусот, пишува во партискито соопштение.

Извор Фокус