СДСМ обезбедува светла и сигурна иднина за граѓаните, а ВМРО-ДПМНЕ заглавено во мрачното режимското минато е опасност за државата

0
77

На 15 јули граѓаните се исправени пред јасен избор, со власт предводена од СДСМ и коалицијата сегашноста е стабилна, а иднината е во сигурни раце, додека ВМРО-ДПМНЕ нема ништо друго што да им понуди на граѓаните освен враќање во мрачното режимско минато.

СДСМ е партијата која за овие 2 и пол години предводеше одговорна власт која храбро носеше државнички одлуки и како резултат на таквите одговорни политики денеска нашата земја Република Северна Македонија е членка на НАТО сојузот, а ќе започне преговори и за членство во Европската Унија.

Од друга страна ВМРО-ДПМНЕ е најнеодговорната опозиција во историјата на нашата земја која нема став за важните стратешки прашања од интерес на државата и граѓаните и која лобираше Северна Македонија да не добие датум за преговори со ЕУ.

Антидржавното однесување на ВМРО-ДПМНЕ е нивно главно обележје кое добива на интензитет со наближувањето на изборите. Доказ за тоа е предвременото започнување на кампања од страна на ВМРО-ДПМНЕ, чии носители, кандидати за пратеници, активисти изминатиот викенд делеа пропаганден предизборен материјал што е спротивно на законите, за што ќе добијат соодветни пријави.

Додека сите капацитети на државата се во одбрана од пандемијата, ВМРО-ДПМНЕ и Мицковски се за свесно кршење на мерките и протоколите и партиско профитерство на штета на граѓаните и колективното здравје.

Јасно е кој работи во интерес на граѓаните и ја води државата напред, а кој е кочничар на прогресот и закана за враќање на режимот.

Затоа, на 15 јули на фер, слободни, демократски и безбедни по здравјето избори граѓаните ќе изберат сигурна и економски стабилна иднина со СДСМ и коалицијата „Можеме” и нема да дозволат ВМРО-ДПМНЕ и Мицковски да ги вратат во мрачното режимско минато.

Извор 24инфо