Села со изборно ветување во Пирок: Коцкање ќе има само во хотели со пет ѕвезди

0
81

Промена на Законот за игри на среќа вети меѓу другото Зијадин Села при промоција на програмата на коалицијата на Алијанса на Албанците и Алтернатива во тетовското село Пирок во пресрет на предвремените парламентарни избори.

Според лидерот на „Алијансата“, во случај на победа на 15 јули, игрите на среќа ќе бидат дозволени само во хотели со 5 ѕвезди. Со тоа, рече тој, казината нема да бидат блиску до населбите и секој нема да може да пристапи до нив.

Алијансата за Албанците неколку пати јавно ја искажа својата позиција во врска со Законот за игри на среќа и вклучена е во коалициската програма „Држава за сите“.