Се полнат болничките капацитети, бројот на починати од корона расте

0
80

Бројот на пациенти заразени со Ковид-19 скоро ги исполни болничките капацитети. На Клиниката за инфективни болести во Скопје во моментов се лекуваат 96 пациенти, од кои 35 се на кислородна терапија.
Бројката на починати пациенти од корона вирусот од почетокот на епидемијата во земјава е загрижувачка. Вкупниот број до сега изнесува 193, но по месеци тоа изгледа вака: во март, откако земјава ја започна борбата со Ковид-19, починаа 11 пациенти, во април кога здравствените власти велеа дека вирусот го достигнува пикот, бројот на починати до крајот на месецот беше 66, заклучно со 31. мај, починаа 63 пациенти, а само до 15 јуни, односно само за половина месец, пациенти кои починаа од корона вирусот се 53.