Се полни државниот карантин со непослушните од изолација за Ковид-19

0
75

Три лица ќе им се придружат на веќе 13 кои во два хотели во земјава се сместени во задолжителен државен карантин поради непочитување на решението за изолација кое им е издадено од Државниот санитарен инспекторат. Новите тројца непослушни не биле најдени дома при проверката од страна на МВР, по што на соптвен трошок ќе бидат сместени во еден од двата хотели наменети за државен карантин, а ќе добијат и кривични пријави по член 206 од Кривичниот законик.

Досега 16-ната кои не ја почитувале изолациијата се само дел од илјадниците кои добиле решенија за изолација и самоизолација. Само во текот на вчерашниот ден за 651 лице се издадени решенија за изолација, а 346 лица потпишале изјави за самоизолација.

47 лица пак денеска од Основното јавно обвинителство Скопје добија кривична пријава за непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, од кои тројца за непочитување на самоизолација, а 42 за прекршувањ ена полицискиот час. Непочитувањето на мерките може да ги чини сите нив по 2.000 евра колку што бара Обвинителството да изнесува паричната казна.

2.000 евра може да ги чоини 15 учесници протестот против вакцини и 5Г одржан од 31 мај, кои Обвинителство Скопје смета дека не непостапување според прописите и мерки за сузбивање и спречување на ширењето на коронавирусоти бара тие парично да бидат казнети.

Извор Телма