СЗО: До крајот на годината ќе има стотици милиони дози од вакцината против Ковид-19

0
74

До крајот на оваа година не само што може да има вакцина против корона вирусот, туку ќе бидат произведени дури стотици милиони дози од неа. Ваква прогноза обедлоденува Светската здравствена организација, појаснувајќи дека илјадници научници веќе работат на развој на вакцината.

Светската здравствена организација дури преговара со владите и компаниите за тоа како да ги дистрибуираат вакцините и кои ќе бидат оние што ќе ги добијат први.

Оптимистички се ставовите на СЗО во врска со развојот на вакцината, заради што оттаму велат:

-Се надеваме дека ќе имаме 2 милијарди дози од една, две или три ефективни вакцини во 2021 година. Сепак, ова е условно затоа што до сега не сме дале никакво одобрување, изјави Сумја Суаминан, водечки научник на Светската здравствена организација.

Десеттина екипи составени од врвни научници од целиот свет веќе пријавиле тестирање на вакцината на луѓе, велат од СЗО и според нив ова е многу напредна фаза во развојот на која било вакцина.

Многу водечки експерти од областа веруваат дека добивањето на вакцина е само прашање на време, па СЗО сега преговара како да ги дистрибуира првите вакцини и кој ќе ги прими како приоритет.

Извор Фактор