СКОПСКАТА BABY ZOO Е ОТВОРЕНА ЗА ПОСЕТИТЕЛИ

0
97

Baby ZOO ќе биде омилено катче на најмалите – затоа што е место каде што можат да погалат и да нахранат животинче, а со тоа да научат и за негата на овие прекрасни суштества.
Заедно создаваме емпатија кон животните и ги учиме дечињата да им пружат многу љубов, информираат во соопштението!

Baby Zoo ce наоѓа во ЗОО Скопје и е отворена од 10:00-18:00.

Новото катче во Зоолошка беше отворено минатото лето, на одбележувањето на 93 роденден на градината.

Во скопската Зоолошка градина беше отворен дел за младенчиња и питоми животни. Посетителите можат да галат и да се запознаат со штотуку родени срни, зајаци, морски прасиња, белоносести мечиња и разни видови птици. Овој дел од градината беше посебно ограден и влезот чини 20 денари.