Снимките обезбедени – кривична за локалот каде што престојувал Христијан Мицковски

0
109

Специјалци, пазарни инспектори, медиуми, политичари, цела ноќ тензија, а изутринава резултатот на надлежните е само една кривична пријава за локалот на ул. „Боемска“ во кој во затворен простор престојувал лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски. 2,5 часа персоналот го попречувал тимот пазарни инспектори да изврши инспекција. Случаен е упадот на инспекторите во овој ресторан, и нема политичка заднина, се првите одговори на актерите по синоќешниот настан.

Од една страна единицата за брзо распоредување под ракводство на бирото на јавна безбедност – од друга страна, пак, интерветната полиција под СВР Скопје. Кого штитеа, и што бараа пред „Винотека“ вооружените полицајци немаат официјален одговор иако јавно ја признаа политичката поделност во МВР, а неофицијалн осеп оврзуваа со присуството на партискиот лидер Мицковски.

И инспекторите не побарале полициска асиситенција. Целтта била да се добијат снимките од видео надзорот, а не да се избришат информира јавното обвинителство кое доцна во ноќтта добило барање од МВР. Откако се пронајдени, ќе бидат одземени, а со нив ќе се докажува кривичното дело против локалот кој спречи пазарни инспектори да извршат контрола дали се почитуваат владините уредби за вршење угостителска дејност. Дека бил таму, и не ја почитувал препораката да не седи во затворен простор сам призна и лидерот на ВМРО ДПМНЕ. Мицковски ќе ја плати паричната казна.

„Да, точно е дека бев со двајца мои познаници во ресторан во Дебар Маало, прв пат по укинувањето на забраната за посета на угостителските објекти, поради што и не бев информиран доволно за новите протоколи. Ако тоа е мојот најголем грев и моја грешка и пропуст, јас тоа го признавам и подготвен сум да платам парична казна поради тоа.“

Брза осуда стаса и од неговите политички ривали.

Додека полицијата и инспекторите се обидуваат да објаснат зошто во толкав број се нашле пред локалот, целата драма млади луѓе ја следеа од градскиот парк, забавувајќи без маски, и социјална дистанца, но и без присуство на полиција да ги казни за непочитување на владинтие мерки.

Извор Телма