Спасовски: Мицкоски јавно да каже уште кои обвинети и осомничени во предмети на СЈО, како Камчев, донирале во ВМРО-ДПМНЕ и да ги пријави, или институциите да постапат по допрен глас

0
76

Почитувани,

Повикувам, без заобиколувања, Христијан Мицкоски да излезе и конкретно да одговори во јавноста:

– Кој точно ја финансира партијата ВМРО-ДПМНЕ и со какви пари?

– Уште колкумина од обвинетите и осудените во предметите на СЈО, покрај Орце Камчев, донирале во ВМРО-ДПМНЕ?

– За тоа ли толку се противеше Мицкоски на Законот за јавно обвинителство, за пари и за да штити финансиски криминал?

Мицкоски ова треба да го каже јавно и ако тој не појде сам да им го каже и на институциите, тие се должни да постапат по допрен глас.

Христијан Мицкоски е обновен Груевски, јасно е, а на граѓаните обновен режим НЕ им треба.

Граѓаните сакаат сигурна иднина и на 15.јули изборот ќе биде Сигурност.

Сигурност значи и правда, а ние создадовме основи за правна држава. Со сите кочења и блокирања од ВМРО-ДПМНЕ го донесовме Законот за јавно обвинителство и со тоа е создадена законска основа, сите предмети со висока корупција да имаат судска разрешница.

Криминалците ќе одговараат – и затоа треба да продолжиме по правиот пат.

„Можеме” е опција што се грижи и ги штити граѓаните и правдата, а партнерите Мицкоски – Груевски – Камчев и нивните соработници се заштитници на криминалот и нивното место е пред суд.

Наш прв приоритет во делот на правдата по 15.јули е прочистување на правосудството, во кое што се наоѓаат се уште остатоци од груевизмот, кои калкулираат со правдата.

На овие избори расчистуваме со остатоците на режимот во правосудството, ќе ја оставиме ВМРО-ДПМНЕ да се обнови самата себеси, а ние заедно со граѓаните продолжуваме по правиот пат, тоа е сигурна праведна европска Република Северна Македонија за сите.

Извор 24инфо