СРБИТЕ ПРВО СЕ ИЗРАДУВАА, НО СЕГА И СЕ ПЛАШАТ – Грците на граница ќе тестираат и ќе водат во карантин

0
109

Македонците им дозволуваат на српските државјани да транзитираат по автопат максимум пет часа, но сите патници кои влегуваат во Грција, а кои ќе изгледаат сомнителни, ќе бидат задржани и ќе бидат одведени на тестирање, пишуваат српските медиуми.

Грција ќе ги отвори своите граници за туристите од Србија денес, 15 јуни, во 23 часот по локално време, но сите патници кои влегуваат во Грција, а кои ќе изгледаат сомнителни, ќе бидат задржани и однесени на брз тест за коронавирусот.

Според она што го објавија грчките власти, сè додека не бидат готови резултатите од тестот, туристите ќе бидат ставени во карантин. Во најдобар случај, резултатот ќе се чека еден ден.

Во случај тестот да покаже дека туристот има корона, нема повеќе летен одмор за него. Тој ќе помине 14 дена во специјален хотелски карантин, кој ќе го чува полицијата!

Дека ситуацијата воопшто не е наивна, потврдува фактот дека Грците подготвиле цели хотели во кои ќе бидат сместени туристи заразени со корона, како и бројни рестриктивни мерки кои ќе важат и за плажите и за сместувачките капацитети, па дури и казни од 150 евра за неносење маска во затворени простории.

Границата за српските државјани ја отвори Северна Македонија од полноќ, но само за транзит кој трае максимум пет часа. Само преминот Прешево-Табановце е отворен за туристи од Србија, а преминот Богородица – Евзони е на границата со Грција.

За време на транзитот, туристите не смеат да го напуштат автопатот. Тие на тоа ќе мораат да се обврзат во писмена изјава, која ќе треба да ја пополнат на влезот во Северна Македонија, а потоа ќе ја предадат на граничната полиција кога ќе ја напуштат земјата. На тој начин, органите на редот ќе имаат увид во тоа колку точно време сте поминале во нивната држава.

Ако имаме предвид дека на возачите, почитувајќи ги регулативите, им се потребни повеќе од три часа за да ја напуштат македонската територија, оваа мерка практично значи дека возачите нема да можат да направат подолги паузи и да се одморат. Доколку патниците ги нарушат дозволените пет часа транзит низ Македонија, полицијата веднаш ќе ги однесе во двонеделен карантин за кршење на прописите.

Министерот за трговија, туризам и телекомуникации, Расим jајиќ, за „Информер“ рече дека со оглед на бројните компликации и ризикот по здравјето за граѓаните на Србија, сепак е најдобро да го поминат годишниот одмор во својата земја.

„Се уште има многу сомнежи, а вие сами можете да видите колку огромни компликации и околности ве очекуваат ако одите во Грција. Покрај сето ова, постои здравствен ризик од заразување на коронавирусот. Имајќи ги предвид овие факти, единственото нешто што искрено можам да ги советувам сите наши граѓани да го поминат годишниот одмор или барем дел од истиот во Србија. Тоа го советував дури и кога ситуацијата беше постабилна, а особено сега кога работите одат како што се. Во вакви ситуации, навистина е најбезбедно да се биде близу до дома, односно во вашата земја. Понудата за одмор во Србија е навистина многу подобра од порано, тоа е одличен избор, а односот цена-квалитет е одличен. Странските туристи исто така ни дадоа признание за тоа, и јас навистина не гледам причина нашите луѓе да не го поминат годишниот одмор во својата земја“, истакна Љајиќ.

Извор Фактор