Србија – Косово, преговорите под покровителство на ЕУ се очекува да продолжат во јули

0
95

Портпаролот на ЕУ, Питер Стано потврди дека дијалогот за нормализирање на односите меѓу Србија и Косово ќе продолжи следниот месец. Тој објасни дека сè уште нема одреден датум, но двете страни се согласиле да го продолжат дијалогот во Брисел, па во моментов работат на одредување датум. Српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Авдулах Хоти се очекува да го посетат Брисел оваа недела на разговори со европските претставници. Според портпаролот на ЕУ, станува збор за одвоени билатерални средби кои немаат врска со продолжување на дијалогот. Вучиќ и Хоти ќе престојуваат во Брисел пред следната средба меѓу делегациите на Косово и Србија во Белата куќа во Вашингтон на 27 јуни.