Странците низ С. Македонија можат да ги користат сите гранични премини

0
72

Странците кои транзитираат низ Северна Македонија можат од денеска да влезат на сите гранични премини, реши Владата. Сè уште постои обврска дека преминот на странски државјани низ Северна Македонија може да трае максимум пет часа и дека тоа мора да биде на автопат, но не и локален пат. Протоколот, усвоен од Владата на 14 јуни, предвидува дека странците во транзит можат да ги користат само граничните премини „Табановце“, „Деве Баир“, „Богородица“, „Ќафасан“, „Блаце“ и оној на Меѓународниот аеродром во Скопје.