Сѐ повеќе држави ги релаксираат рестрикциите

0
75

Франција, Британија, Грција и други земји продолжуваат со отворање додека Кина воведува делумни рестрикции по појавата на нови случаи на коронавирус во Пекинг.

Рестораните во Париз се приклучуваат на оние од остатокот од земјата со тоа што ќе можат да примаат гости и внатре.

Во Британија повторно се отвораат продавниците, религиозните објекти за индивидуални молитви и дел од местата за рекреација. Во сила е наредба за задолжително носење маска при користење на јавен транспорт.

Грција го отвори меѓународниот аеродром во вториот град по големина, Солун, за патници од ЕУ, а по три месеци повторно се отворени и музеите во земјата.

Во четврток треба да се отвори и Дизниленд во Хонгконг. Паркот беше затворен од јануари и на почетокот ќе прима само ограничен број на гости кои ќе треба да потпишат здравствена изјава како дел од процесот пред пристигнување. Паркот на Дизни во Шангај се отвори минатиот месец.

Кина пријави 49 нови случаи на Ковид-19, најголем дел поврзани со пазар на големо во Пекинг по што властите наметнаа делумни мерки за социјална изолација и ги суспендираа плановите за повторно започнување со предавања на образовните институции.
Извор Глас на Америка