Тензично во Будва откако полицајци брутално го претепаа и уапсија градоначалникот на градот Марко Царевиќ

0
72

Тензично во Будва. Ваква беше сликата утринава пред општинската зграда, кога полицајците брутално го претепаа и уапсија градоначалникот на градот Марко Царевиќ. Со лисици на рацете завршија и неговиот син и брат, претседател на Општинското собрание на Будва, Крсто Радовиќ и уште петмина соработници. При акцијата биле искршени и прозорците на Општината, а полицијата употребила и хемиски средства.

Инцидентот се сличил затоа што уапсените не дозволиле инспектори да влезат во објектот. Иако полицијата се обидела да ја внесе инспекторката Царевиќ и Радовиќ давале отпор. Ова следи, откако минатата недела, Општинското собрание, ги сменило Царевиќ и Радовиќ и дозволило новоизбраните службеници слободно да може да влегуваат во Општината и да имаат пристап до документите. Поради денешниот инцидент, градот е под полициска опсада,а граѓаните излегоа на протест поради како што велат полициската бруталност.