Тетовец претепан со лопата од страна на свој сограѓанин

0
125

СВР Тетово поднесе кривична пријава против 71-годишниот А.Р. од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“.

На 10.05.2020 на место викано „Табшница“, во атар на Дреновец, пријавениот со лопата го нападнал 37-годишниот А.С. од населба Дреновец – Порој – Тетово и му нанел повреди.