Тешко повреден тракторист во прилепско

0
83

Во текот на вчерашниот ден во 09.30 часот било пријавено дека на регионалниот пат Кривогаштани-с.Житоша во Прилеп, Ѓ.Н.(70) од Скопје, управувајќи трактор, изгубил контрола и излетал од коловозот.

Во незгодата, тој здобил со тешки телесни повреди по што бил пренесен во Општата болница Прилеп за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Прилеп.