Трамп до градоначалниците: Ако не реагирате соодветно, ви ја испраќам армијата

0
98

Претседателот на САД, Доналд Трамп, најави дека во градовите каде што беснеат насилни протести и деструкција од страна на демонстрантите, ќе испрати војска ако локалните власти не успеат да ја стават ситуацијата под контрола.

„Јас сум претседател поборник за ред и владеење на правото и сојузник на сите мирни демонстранти. Но, ова не се мирни протести, ова е домашен терор. На Америка ѝ треба изградба, а не деструкција и безбедност наместо анархија“, рече Трамп и додаде:

„Упатувам силна препорака до сите гувернери на улиците да ја распоредат Националната гарда во поголем број. Градоначалниците и гувернерите мора да спроведат присуство на законот на улиците додека не се воспостави редот. Ако градовите и државите одбијат да преземат акција, за да ги заштитат животот и имотите на сопствените граѓани, јас ќе ја распоредам војската на САД и набрзина ќе им го решам проблемот“, порача Трамп.

По своето излагање од Белата куќа, со Библија во раката, Трамп ја посети историската црква Св. Јован, во Вашингтон, која изминатата ноќ се најде на мета на демонстрантите.

Утврдено е дека пожарот е подметнат, а фасадата е осквернавена со графити.

Светилиштето за САД има дополнителна вредност бидејќи во неа традиционално доаѓале сите американски претседатели, почнувајќи од четвртиот, Џејмс Медисон (1809 – 1817).