Трамп: Кој уништува статуи – 10 ГОДИНИ во затвор

0
96

Претседателот на САД, Доналд Трамп денес го повтори предупредувањето дека оние што уништуваат американски споменици на федералниот имот ќе бидат уапсени и ќе се соочат со затворски казни.

Трамп го напиша тоа на својот профил на Твитер неколку часа откако демонстрантите се обиделе да ја срушат статуата на поранешниот претседател Ендру Џексон недалеку од Белата куќа, објави „Ројтерс“.

„Дадов овластување на сојузната влада да уапси секој што оштетува или уништува споменик, статуа или друг федерален имот во САД и да добие до 10 години затвор“, напиша Трамп.