ТРАМП НАРЕДИ БРКАЊЕ НА ДЕМОНСТРАНТИ СО СОЛЗАВЕЦ ЗА ДА МОЖЕ ДА СЕ СЛИКА СО БИБЛИЈА

0
77

Солзавец, гумени куршуми, топовски удар и полицајци на коњи беа употребени за отстранување на демонстрантите пред Белата куќа и отворање на пат за американскиот претседател да може да стигне до блиската „Црква на претседателите“.

Црквата што ја посети Трамп беше запалена за време на викендот во судирите меѓу демонстрантите и полицијата. Сеинт Џон црквата во близина на Белата куќа стандардно е посетувана за миса од секој американски претседател почнувајќи од Џејмс Медисон (4-от претседател на САД).

Пред да тргне кон црквата, Трамп има обраќање во Белата куќа и за време на обраќањето се слушаат експлозиите од солзавецот и топовскиот удар.

По завршување на говорот, тој пешки се упатува кон црквата.