Трамп: Нема пак да ја затвориме земјата поради раст на нови Ковид заболени

0
88

Американскиот претседател Доналд Трамп потенцира дека ќе нема ново затворање на економијата во САД затоа што неколку сојузни држави јавија за зголемување на бројот на новозаразени со Ковид-19. ж

„Нема повторно да ја затвориме земјата. Нема да мора да го сториме тоа“, рече Трамп во интервју за каналот „Фокс њуз“.

Коментарите на Трамп доаѓаат откако економскиот советник во Белата куќа, Лери Кудлоу и секретарот за финансии, Стивен Мнучин изјавија дека САД не може повторно да ја затворат економијата. Анализата покажа дека бројот на  заразени со коронавирусот се зголемил во најмалку 14 американски држави.

Водечкиот американски експерт за заразни болести Ентони Фаучи предупреди дека САД продолжуваат да се соочуваат со првиот бран на коронавирусот, истакнувајќи дека е загрижен поради појавата на нови жаришта во земјата.