Трамп ја почна кампањата за претседателските избори

0
100

Претседателот на САД, Доналд Трамп ја почна својата кампања за претстојните претседателски избори.

Арената на БОК Центарот во Тулса, Оклахома, со капацитет од 19.000 места се чинеше нешто повеќе од половина полна во саботата навечер, иако кампањата на претседателот минатата недела истакна дека милион луѓе се регистрирале за да присуствуваат. Во кампањата на Трамп се вели дека околу 12.000 луѓе поминале преку металните детектори на влезовите.

Трамп, за присутните одржа говор кој траеше речиси два часа.

Кампањата на Бајден рече дека „Доналд Трамп го губи лидерството и не е изненадување што неговите приврзаници реагираат напуштајќи го“.

Тој го критикуваше неговиот демократски противник на ноемвриските избори, поранешниот потпретседател Џо Бајден, ги нападна „радикално левите“ демонстранти кои протестираат во изминатите недели против полициските злоупотреби во САД и ја обвини Кина за ширење на она што тој го нарече „кунг флу“ (кунг грип) – исмејувачки термин за пандемијата на коронавирусот која ги однесе животите на речиси 120.000 луѓе во САД и зарази повеќе од 2,2 милиони.

Трамп ги нарече своите приврзаници „воини“ и изјави дека „тивкото мнозинство е посилно од кога било досега“. Тој меѓу другото се пофали со ниските даноци, растот на берзите, американскиот воен буџет и изградбата на ѕидот на јужната граница со Мексико за да ги задржи имигрантите без документи.

Менаџерот на кампања на Трамп, Бред Парсел во неделата изјави дека на намалениот број посетители на собирот влијаеле лажните вести со предупредувања до луѓето да не одат на собирот поради коронавирусот и поради протестите.

Во врска со митингот во саботата, Парсел рече дека демонстрантите „дури и блокирале влезови на митингот на моменти“, иако медиумите на местото на настанот рекоа дека виделе неколку демонстранти и дека луѓето што сакале да присуствуваат на митингот се чини дека влегуваат непречено.

Парсел ги отфрли наводите дека Тиктокери и К-поп фанови резервирале карти за настанот за да се чини дека ќе има огромна толпа, без намера да присуствуваат на настанот.

„Постојано остранувавме лажни барања, како што направивме со десетици илјади за митингот во Тулса. Овие лажни барања за билети никогаш не влијаат на нашето размислување.“

Советничката на кампања на Трамп, Мерцедес Шлап, изјави за „Фокс њуз Сандеј“ дека 5,3 милиони луѓе го следеле митингот преку дигиталните канали на кампањата на Трамп.

Кампањата на Бајден рече дека „Доналд Трамп го губи лидерството и не е изненадување што неговите приврзаници реагираат напуштајќи го“.