Тројца војници се повредени во силен земјотрес во Турција

0
69

Три лица се повредени во земјотресот со јачина од 5,7 степени што го погоди денеска источниот дел на Турција, изјави министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу.

Според него, три лица се повредени кога се срушила воената кула за набљудување.

Сојлу напиша на Твитер дека едниот од стражарите останал заробен под урнатините, додека други двајца се полесно повредени.

Службата за управување со вонредни состојби и катастрофи соопшти дека епицентарот на земјотресот бил во подрачјето на Карливи, пренесува Ројтерс.