Турција ги рестартира летовите кон четириесетина држави

0
81

Турција планира во јуни повторно да воспостави летови до околу 40 земји, изјави денеска министерот за транспорт Адил Караимаилоглу.

Веќе има постигнато прелиминарни договори за реципроцитет во воздушниот сообраќај со 15 земји.

Со цел да се спречи ширењето на пандемијата на коронавирус, Турција ги затвори повеќето од своите граници и, по значителниот пад на бројот на заразени, во понеделникот делумно повторно воспостави домашни летови.

Според Ројтерс, Караимаилоглу објави дека летовите ќе бидат повторно воспоставени во пет фази во текот на овој месец, и додаде дека неговата земја е во преговори со 92 држави за повторно безбедно воспоставување на летовите.

„Ние веруваме дека значајна точка во глобалната борба против коронавирусот е зад нас, и сега треба да ги воспоставиме нашите врски ширум светот и трговијата“, објави Караимаилоглу во писмената изјава.