Уапсени 7 полицајци поради непочитување на мерките за заштита

0
118

Седум полицајци се приведени во кратовското село Куклица, бидејќи на приватен имот правеле забава, непочитувајќи ги мерките за заштита од Ковид-19.

По пријава до полицијата во Кратово, на лице место, со налог од јавен обвинител, интервенирале полициските служби. На приватен имот во село Куклица биле затекнати осум лица, од кои седум полициски службеници, кои не биле на должност, и кои биле лишени од слобода поради сомнение за сторено кривично дело непочитување прописи во време на пандемија, потврди Министерството за ватрешни работи, од каде велат дека внатрешната контрола и инспектори работат на расчистување на случајот.