Уапсен Фикрет Абдиќ градоначалникот на Велика Кладуша

0
143

Припадници на Федералната полициска управа (ФУП) денеска го уапсија градоначалникот на Велика Кладуша, Фикрет Абдиќ, објавија босанските медиуми.

Тој е уапсен по претрес во зградата на општината.

Станува збор за акција со име „Мрежа”, чија цел се неколку вработени во таа општина поради сомневање за злоупотреба на положбата.

Фикрет Абдиќ беше избран за градоначалник на Велика Кладуша пред четири години, и покрај тоа што претходно во Хрватска е осуден за воени злосторства.