Унгарија и Полска бараат праведна распределба на парите во ЕУ

0
144

Унгарија и Полска вршат притисок за поправилна распределба на парите на ЕУ, изјавија премиерите на двете земји по состанокот на Вишеградската група во Чешка за економско закрепнување по пандемијата.

Унгарија може да го поддржи планот за дистрибуција на парите на ЕУ, доколку не ги прави неправедно омилени богатите земји, рече Орбан по средбата со лидерите на Чешка, Полска, Унгарија и Словачка.

Орбан рече дека е подготвен да се откаже од својата генерална позиција за финансирање со заеми, бидејќи „очајните времиња бараат очајни мерки“.

„Можеме да го прифатиме тоа. Гледаме позитивно, но потребни се многу промени“.

Тој истакна дека апсурдно е што богатите земји добиваат повеќе пари од сиромашните и смета дека тоа мора да се промени.

Парите треба да се користат пофлексибилно и системот на попуст треба да биде укинат по Брегзитот, рече тој.

Полскиот премиер Матеуш Моравиецки рече дека побогатите земји-членки треба да уплаќаат повеќе во буџетот на ЕУ по пандемијата.

„Земјите што се побогати треба да плаќаат повеќе“,рече тој пред новинарите по состанокот што се одржа во источниот чешки град Ледница.

„Не треба да има попуст за побогатите земји во буџетот на ЕУ“, рече тој.

Извор Канал5