Утврдени 153 новозаболени од Ковид-19, починаа 6 пациенти

0
71

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1279 тестирања, а регистрирани се 153 нови случаи на ковид-19 во:

Скопје-66, Куманово-13, Штип-13, Прилеп-2, Тетово-20, Струга-7, Битола-1, Охрид-7, Крива Паланка-1, Кочани-1, Пробиштип-1, Свети Николе-3, Кичево-6, Ресен-12.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 75 оздравени пациенти од: Скопје-47, Штип-13, Прилеп-1, Тетово-3, Струга-2, Велес-1, Охрид-3, Кавадарци-1, Гевгелија-2, Кочани-1, Пробиштип-1.

Починати се 6 лица, еден пациент од Скопје, двајца од Штип, еден од Тетово, еден пациент од Охрид и еден од Ресен.